Во општина Гази Баба вчера се одржа натпревар во возење ролерки за учениците од општинските основни училишта во општината.
Истиот го организраа Сојузот на училишен спорт, во соработка со Биатлонскиот клуб Ски Рисс, а натпреварувањето се одвиваше во женска и машка конкуренција.
Општина Гази Баба даде поддршка на организацијата на натпреварот со цел, како што велат, учениците да се запознаат со вештините кое ги има нордиското скијање со сите свои дисциплини.