Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ беше отворена традиционалната Годишна завршна изложба на учениците, која овој пат беше збогатена и со модна ревија.
Петнаесет ученици од одделот за текстил и облека се претставија на црвениот тепих со свои уникатни креации. Во присуство на повеќе од 1.000 гости, учениците исто така се претставија и со своите слики, скулптури, графики, мозаици, ентериерни решенија, цртежи, фотографии, но и со видео и анимациски форми на изразување.
Средното уметничко училиште блесна со огромен раскош, но и со енергија на другарство и љубов. Атмосферата беше одлично надополнета со настапот на The backdoor band, кои придонесоа присутните ученици, родители и други љубители на уметноста да се забавуваат до полноќ.
Изложбата е отворена до петок, 16.06.2023 во периодот од 09-18 часот.