Search
Search
Градска редакција

Уличката на летните чадори – Атракција за привлекување на туристи

Во борбата против жешките летни температури и привлекување на туристи една креативна идеја им произлезе на трговците на Старата скопска чаршија. Чадорите, веќе добро познати по својата убавина и шареност, добија нова функција – тие се претворија во извор на сенка и освежување.

Градска редакција

Оваа иницијатива ги воодушеви граѓаните, кои се радуваат на новиот начин да се заштитат од сонцето и да уживаат во летниот период. Чадорите-сенки станаа популарни не само поради нивната функционалност, туку и поради креативноста во изборот на бои и дизајни. Овие креации предизвикаа интерес и внимание, создавајќи уникатна атмосфера и кај туристите кои ја поминуваат ова уличка.

Организаторите на оваа иницијатива велат дека целта е да се претстави уште еден начин за споделување на свежина и уживање во летниот период.

Н. А

АКТУЕЛНО