Улицата „Цветан Димов„ во Општина Чаир секојдневна главоболка за возачите

Никако да се најде решение за улицата „Цветан Димов„ во Општина Чаир, без разлика кое време поминувате на ова улица која го поврзува центарот на градот Скопје со северниот дел на метрополата, секогаш има гужва, сабајле, претпладне и попладне дури и на доцните вечерни часови. Речиси секогаш за да се помине во делот од Бит-пазар до семафорите кај маркетот „Веро„ која е околу еден километар ќе ти треба половина час. Не помага ни бетонскиот ѕид кој е поставен среде двете коловозни ленти, со цел да се спречи граѓаните да поминуваат улица кај што можат, исто така и  шоферите на автомобилите да не кружат кај ќе им текне.

Фото/Градска редакција

Граѓаните секој дневно се жалаат за состојбата која сега е булевар со по две ленти во двете насоки.

Состојбата на овој дел од патот кој водат кон Општините, Чаир, Бутел, Шуто Оризари, Чучер Сандево но може  да се поврзеш и со заобиколницата , беше хаотична и во сабота, колите беа заглавени повеќе од пола час поради сообраќајна несреќа на две коли. Тоа создаде тотална блокада, поради поставениот заштитен ѕид  сред улицата.

Фото/Градска редакција

Советот на Град Скопје на 30 мај со 30 гласа ЗА даде зелено светло за почнување на активностите за санација, реставрација и проширувањето на улицата „Цветан Димов„ во Општина Чаир.

Ова е во склоп на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир за реставрација, санација и проширување на улицата „Цветан Димов„ во Општина Чаир.  Според Град Скопје  проектната документација ќе се прави од Општина Чаир а финансиски ќе се подржи од Градот.

За овој проект од градот Скопје ќе се обезбедат 140 милиони денари.

Ова улица има по две коловозни ленти во двете насоки, но бидејќи е главна артерија во тој дел на градот се создаваат големи гужви и понекогаш граѓаните и по цел час патуваат до дома. Исто така дополнителен проблем се и несовесните граѓани кои паркираат на страна.

Од друга страна алармираа невладините организации од „Зелен Хуман Град„ кои со писмо до градските власти и советниците  бараа по секоја цена да се заштити отстранувањето на  повеќедецениското зеленило на улицата Цветан Димов.

Н.Ш

 

 

 

АКТУЕЛНО