Search
Search

Уредена трим патека од Ајватовци до Бучинци

Општина Илинден изгради и уреди трим патека која се протега од населеното место Ајватовци до Бучинци. Патеката е во должина од пет километри и наменета е за пешачење, рекреација, како и планински велосипедизам.

Поставени се две информативни табли во населените места Ајватовци и Бучинци, трим патеката е обележана со патокази по нејзината должина, поставени се на неколку локации летниковци со клупи за одмор, како и корпи за отпадоци.

Проектот за изградба на трим патеката е предвиден и во Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026, а локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму во реализација на проектите.

Општина Илинден апелира до сите посетители на оваа рекреативна локација, да бидат внимателни, да се грижат за поставените реквизити со цел да ги користат повеќе генерации.

АКТУЕЛНО