Вјоса, дивата река на Европа, која е прогласена за национален парк во Албанија

Реката Вјоса е една од последните природни реки во Европа. Во текот на 272 километри без прекин тече во кањони, пештери, водопади, ливади, шуми, извори и мали островчиња. Биолошката разновидност и убавината на пејзажот се причините зошто Вјоса е прогласено за заштитено подрачје.

Реката Вјоса тече од планините Пинди на исток од Јанина, а нејзиниот извор е во планината Мавровони. Нејзиниот тек продолжува во северозападен правец кон Албанија. Реката е со должина од околу 272 километри, од кои 80 километри на територијата на Грција, а околу 192 километри на територијата на Албанија. Реката Вјоса, чиј тек минува низ југот на Албанија, е и природна разделна граница помеѓу областа Фиер (на север) и областа Валона. Таа е пловна река, бидејќи тече главно во рамничарски области.

Албанија ја прогласи реката Вјоса за национален парк

Владата на Албанија ја прогласи за национален парк реката Вјоса, која е последната дива река во Европа. Оваа одлука беше донесена на состанокот на албанската извршна власт на 13 март, а беше објавена во јавноста од министерката за животна средина, Мирела Кумбаро.

Прогласувањето на националниот парк на реката Вјоса значи дека нема да се дозволи никаква градба што ја зафаќа реката, вклучително и хидроцентралите кои предизвикаа голема дебата во Албанија, но донесоа и реакција на повеќе меѓународни организации.

Претходно албанскиот премиер Еди Рама изјави дека „прогласувањето за национален парк ќе ги збогати генерациите што ќе ја наследат Вјоса на начин кој е нов негазен пат во Европа“.

И Ди Каприо го поздрави прогласувањето на национален парк реката Вјоса 

Леонардо ди Каприо, еден од најдобрите актери во светот и еден од најактивните активисти во заштитата на планетата и борбата против климатските промени, ги користи не само неговите социјални мрежи како платформа за да зборува за прашања за зачувување на природата, туку и јавните настапи или говори на важни настани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonardo DiCaprio (@leonardodicaprio)

Тој на својата Инстаграм платформа го поздрави прогласувањето на реката Вјоса за Национален парк

“Денес е направена историја. Соработка помеѓу албанската влада, граѓанското општество и бизнисот го создаде првиот европски национален парк  на Дива река. Реката Вјоса засекогаш ќе тече слободно, од извор до море, за идните генерации да уживаат. Нова визија за глобално зачувување на водата е тука. Честитки до сите што го направија овој неверојатен труд реалност!

 

Албанија и УНЕСКО ги здружуваат силите за да ја заштитат една од последните диви реки во Европа

Албанската влада ја објави својата намера Вјоса да ја претвори во биосферен резерват заштитен од УНЕСКО. Веста беше соопштена за време на официјалната посета на Албанија на Одри Азуле (Audrey Azoulay), генерален директор на Организацијата, која ја посети ова земја на покана на албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро.

Министерот за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро со генерален директор на УНЕСКО Одри Азуле

По повод посетата на Азуле, министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро, најави дека во следните месеци сака да ја претстави кандидатурата за биосферниот резерват на УНЕСКО за долината на Вјоса.

„Ја поздравувам оваа многу добра иницијатива на Албанија, која отвора нова страница во силната историја што ја поврзува оваа земја и нашата организација. УНЕСКО им стои на располагање на албанските власти за да ги поддржи во дефинирањето на оваа заштитена област и подготовката на нејзината кандидатура за нашата програма за биосферен резерват“, подвлече Азуле.

Туристичкиот, речниот и спортскиот пејзаж на Вјоса

Вјоса природно тече непречено, се карактеризира со прекрасни кањони, брзаци, острови и свиоци кои создаваат прекрасни меандри.

Сливот на Вјоса содржи места за одмор каде што има планински извори на вода кои се влеваат во реката Вјоса во вид на потоци, опкружени со масив од дрвја. Тоа е карактеристичен предел каде тревната вегетација, шумските дрвја и хигрохидрофилната вегетација природно се мешаат покрај водните извори на коритото на реката Вјоса, живеалиште каде што се добро изразени сите видови вегетација. Должината на оваа котлина е 13 km, а ширината е 1-1,5 km.

На оддалеченост од околу 3 километри од градот Kеlcира се наоѓа „Репка на Клисурата„ кој функционира како туристичка точка. Пределот на шумски дрвја усогласен со изобилни извори на вода има атрактивни, естетски и екотуристички вредности. По долината на Клисурата на Келсира се наоѓа изворот Црната вода, кој ја одржува својата синило дури и кога се меша со водите на реката Вјоса. Овој предел има незаменливи еколошки вредности, многу релаксирачки и рекреативен за посетителите. Го посетуваат домашни и странски посетители.

Н. Абдурахмани

АКТУЕЛНО