Search
Search

Вархеј од Тирана: Членството доаѓа за западен Балкан, а Европската Унија е подготвена

Во сенка на тензиите меѓу Белград и Приштина денеска во Тирана почна состаникот од Берлинскиот процес. Пред почетокот на состанокот еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј порача дека Европската унија е подготвена за челнство на западен Балкан. Вархеј најави нов план за раст кој според него, треба да го забрза проширувањето со земјите од регионот.

„Главната порака е дека ова е јасен знак дека членството доаѓа за Албанија. Членството доаѓа за западен Балкан. Планот за раст кој ќе го објавиме за западен Балкан треба да го забрза итно проширувањето од 1 јануари идната година за да ги примиме новите земји – членки што можно побрзо. Ние сме подготвени.“ изјави Оливер Вархеји – Еврокомесар за проширување.

И шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок испрати силна поддршка за проширувањето на Унијата, а Берлин со големо внимание го следи процесот.

„Германската федерална влада има голема загриженост да се забрза интеграцијата на западен Балкан во ЕУ. Јасно е дека низ годините има голема фрустрација, особено кај младите луѓе кои својата надеж ја гледаат во Европа. Тука можеме да создадеме силен регион само преку безбедност, слобода и мирен соживот, изјави Аналена Бербок –Министерка за надворешни работи на Германија.

Македонија во Тирана е претставувана од шефот на дипломатијата Бујар Османи кој како што пренесуваат од македонското МНР, за време на состанокот истакнал дека внатрешната дебата на ЕУ за проширувањето е охрабрувачка, а во тој контекст и најавата за новиот план за раст на западен Балкан треба да биде насочен кон зголемена соработка со Унијата.

АКТУЕЛНО