Search
Search

Вчера изгаснати 22 пожари, активен уште еден кај Марков Манастир, велат од ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера, 16.09.2023 година сабота, имало вкупно 23 пожари на отворено, од коишто се изгаснати 22, а само еден се уште се води како активен, според добиените известувања во Секторот за операции и координација во ЦУК, до утрово.Конкретно, еден пожар, од вчерашните, се уште се води како активен: во Општина Студеничани кај „Марков Манастир“ помеѓу селата Маркова Сушица и Цветово каде што горела ниска вегетација и дабова шума. Утрово од терен е добиено известување дека во текот на ноќта и утрово немало знаци на пожар на оваа локација, но за истиот се уште не може да се каже дека е изгаснат.

АКТУЕЛНО