Вевчански карневал од 12 до 14 јануари, годинава со поддршка од 1,8 милиони денари од државата

На 12, 13 и 14 јануари и оваа година традиционално ќе се одржи Вевчанскиот карневал. Според програмата, во петок ќе настапат Dj Ampov, Younge Daddy, Best od Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд како и Нокаут, додека во сабота најпрвин ќе настапи Akustik band live, Наум Петрески, Оркестар со зурли и тапани Вевчани и Перо Бели и Коки Биортиам.

Карневалот завршува на 14-ти, со традиционалното палење на маските.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешната прес-конференција информираше дека оваа година фестивалот добива поддршка од 1,8 милиони денари.

-Вевчанскиот карневал е нематеријално културно наследство на Република Северна Македонија и како таков мораме да го држиме. Мене ми е драго што Министерството за култура оваа година е достоен поддржувач на Вевчанскиот карневал. Како што и сами знаете, ние со градоначалникот Кочовски склучивме договор за финансирање на Вевчанскиот карневал во вредност од 1,8 милиони денари, тоа е 70 отсто од сумата што Министерството за култура ја префрли на сметката на Општината пред почетокот на Карневалот, рече Костадиновска Стојчевска.

Како што додаде, ја признаваат автентичноста на фестивалот и целта е заедно со Општина Вевчани да останат чувари на македонската традиција, култура и историја.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави