ВИДЕО Што мислат скопјанки – Дали жената го има заслуженото место во општеството?

8-ми Март ден за прославување или повод за унапредување на правата на жените. Градска редакција по повод овој ден кој за некого е ден на мајката, а зa некои ден на жената, излезе на терен и во знак на охрабрување им подари по едно цвеќе на жени кои наидоа на камерата на нашата редакција.

Видно возбудени од овој гест тие го дадоа и своето мислење за тоа дали жените во Македонија го имаат земено своето место во нашето општество и која жена е мотив или инспирација за нив.

Фото/Градска редакција

Според нив жената сепак не е на нивото кое го заслужува во општеството во нашата држава. Тие велат дека жените уште се помалку платени во нивните работни места во споредба со мажите и ако се работи за исто работно место, тие дури забелешки гледаат и во последните случувања  со кандидатурите во претседателските избори каде кандидатките за шеф на државата од нашето општество се гледа како невозможна мисија.

Фото/Градска редакција

„Не дека ми е многу важен и го прославувам овој ден, жената уште го нема нивото  на заслуженото место во општеството. Гледате што се случува со кандидатурите за претседателските избори тие три кои сакаат да се кандидираат се омажуваат постојано. Но сепак мислам дека имаме јаки жени во секој аспект„  вели една жена за Градска редакција.

Фото/Градска редакција

  „Апсолутно не, жената го нема заслуженото место во општество, има напредок но има уште многу предизвици„  вели друга жена за нашата редакција, анкета која се реализираше по повод 8-ми Март.

Фото/Градска редакција

„Мислам, и верувам дека уште жените се дискриминирани во ова време„ вели жена која додаде дека инспирација добива од една јака жена која пред две илјади години беше жена претприемач, а таa е Атиџе првата сопруга на пророкот Мухамед.

Меѓународен ден на жената

Светски празник што се одбележува секоја година на 8 ми Март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе Мво Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 – ми Март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

Често постои дилема околу овој датум!

8 – ми Март е Меѓународниот ден на жената, но многумина го спојуваат со Денот на мајката. Иако тој ден во секоја држава се прославува на различен датум, во Македонија, според табелата која е објавена на Википедија се прославува на 8 – ми Март.

За разлика од кај нас, во најголемиот број држави, како што се Австралија, Германија, Америка, Бразил, Хрватска и многу други, Денот на мајката се прославува секоја втората недела од месец мај.

По ова може да се заклучи дека луѓето кои мислат дека 8 – ми Март е денот на мајката не грешат, зошто во нашата држава се направени два празници во еден.

Н.Ш

 

 

АКТУЕЛНО