Фото/Градска редакција

(ВИДЕО+ФОТО) Жителите на Визбегово: Имаме училиште, но немаме пат!

Граѓаните од населбата Визбегово, иако сега имаат ново училиште, се соочуваат со сериозен проблем – недостиг на пат кој води до неа. Оваа ситуација предизвикува сериозни загрижености кај родителите и жителите.

За изградбата на основното училиште „Визбегово“ со капацитетот од 1000 ученици се потрошени околу 110 милиони денари обезбедени од Буџетот преку програма на Владата и Министерството за образование и наука.

Во февруари оваа година беше предадено на локалните власти конкретно на Општината Бутел.

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски веќе го назначи и директорот на ова училиште па останува да се комплетира и соодветниот кадар на наставници и друг училиштен кадар за во септември, но не изгради пат.

Тоа значи дека ако до септември кога е предвидено да почне да функционира ова ново-изградено училиште не се асфалтираат улиците кои водат до него, учениците ќе мора да облекуваат гумени чизми.

Градска редакција неколку пати се обиде да воспостави контакт со градоначалникот Костовски, но не успеа да добие одговори.

Инаку на неколку наврати Градска редакција информира за лошата улична инфраструктура на ова населено место, граѓаните на овие места за градска редакција велат дека постојано се жалат во општина Бутел но ништо не се преземе.

Фото/Градска редакција

„Училиштето е изградено но без пат, што ќе ни е. Нема услови, се кал е натаму“ вака ни изјавија жители на Визбегово кои реагираат за лошата улична инфраструктура за да се стигне до новото изградено модерно училиште во ова населено место.

Тие велат дека секој им ветува но никој ништо не превеземе, градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски им ветил но досега ништо не е сторено.

Фото/Градска редакција

„Нема услови, се кал е натаму до училиштето, и само овде има светла натаму нема , треба се ова да се направи со асфалт , срамота е, 14 години овде сите плаќаме се а нема ни асфалт ни ништо. Само ова страна нема, сите од другата страна имаат„ вели жител на Визбегово кој го сретнавме како  со сопствено возило во друга општина ги носи децата за во училиште.

Фото/Градска редакција

„Училиштето е изградено но без пат, што ќе ни е, и ако е изградено ни рекоа за еден месец ќе почне со работа, поминаа шест месеци па и една година ништо, децата ги регистриравме на други училишта во други општини. Навикнати сме како секогаш, со по тешкотии и со кал, градоначалникот на општината секогаш ни ветува , и секоја партија ни ветува но реализација нема „ вели друг жител на овој дел на општина Бутел.

Градска редакција неколку пати се обиде да воспостави контакт со градоначалникот Костовски, но не успеа. Последно му пишавме порака на Вибер со две прашања; дали ќе се комплетира ОУ Визбегово до септември за да учениците конечно почнат со настава и второ дали ќе се асфалтираат уличките кои водат до ова училиште. До сега немаме одговор.

 

Фото/Градска редакција

Се работи за населено место и улиците кои водат кон ова училиште од страна на качанички пат.  На тaа страна ниедна од уличките кој те води кон ново изграденото училиште  не е асфалтирана.

Фото/ Градска редакција

Инаку на неколку наврати градска редакција информираа за лошата улична инфраструктура на ова населено место, граѓаните на овие места за градска редакција велат дека постојано се жалат во општина Бутел но ништо не се превзема.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО