Search
Search

(ВИДЕО) Скопското лизгалиште од омилена атракција до запуштено место

Она што некогаш беше извор на забава и радост за скопјани, денес претставува само тивок потсетник на минатите времиња. Скопското лизгалиште, со поглед кон планината Водно, еднаш живописна и магична атракција, сега е запуштено место, оставајќи ги жителите да размислуваат за неговата загуба.

Некои информации говорат дека на ова лизгалиште, изградено на крајот од 60-тите години од минатиот век, за време на викендите доаѓале околу 4.000 рекреативци, а на ова место порано се играло и професионален хокеј.

Во минатото, скопското лизгалиште било место каде се развивала македонската хокејарска историја. Во 60тите години,  Скопје било домаќин на Светското првенство за хокеј на мраз (трета лига), со што станало најужниот домаќин на едно вакво натпреварување.

Дали на Скопје му фали лизгалиштето говорат и видеата и фотографиите што се споделуваат од граѓани кој будат носталгија.

Градкса.мк преку ова видео ќе ве врати назад дури во 70-тите години кога имаше жар и живот.

Овој комплекс наместо да биде средуван и граѓаните да му се радуваат е сведен на проблеми меѓу приватното сопсвеништво, градот и државата.

Денешната состојба на лизгалиштето е незавидна, а на поновите генерации овој објект не им е ни познат.

АКТУЕЛНО