Search
Search

Во Грција се возат најстарите автомобили во ЕУ

Според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), Грција има најстар возен парк во 28-те земји на Европската унија, Велика Британија и членки на ЕФТА. Во оваа земја се возат автомобили со просечна старост од 17,3 години, што значи дека некои возила се вистински автомобилски антиквитети. Веднаш зад Грција, со просек од 16,6 години е Естонија.

Европскиот просек изнесува 12,3 години.

Инаку, мора да се каже дека сликата генерално не е добра: во дури 21 земја просечната старост на возниот парк е повеќе од 10 години, а особено е значајно што најмоќните европски автомобилски земји, Германија и богатата Швајцарија има возен парк стар една деценија. Нешто над 10 години е во Франција, Норвешка иШведска, додека над 11 години е во Словенија и Холандија.

Ако прашаме која европска земја има најмлада флота на автомобили, јасно е дека тоа е мал и пребогат Луксембург со просек од 7,9 години, што е една година помлад од возниот парк што го возат Австријци и Данци.

 

 

 

АКТУЕЛНО