Во Македонија 631 случај на голема кашлица, најмногу во Скопје

 

Во нашата земја Од 17 до 23 мај, се пријавени 34 нови случаи на голема кашлица, што е намалување од 22,7% во споредба со претходната недела кога имаше 44 случаи. Од новите случаи, три лица се хоспитализирани, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Повеќето случаи се во Скопје – 27, додека четири се од Тетово, и по еден од Прилеп, Кичево и Велес. Возраста на заболени се движи од еден месец до 73 години, при што најмногу случаи се регистрирани кај деца под една година и од пет до девет години.

Заклучно со 23 мај, во Македонија има вкупно 631 случај на голема кашлица со стапка на смртност од 34,4 на 100.000 жители. Ова е  зголемување во однос на последните пет години, кога имало само 10 случаи. Најмногу заболени се во Скопје – 507 лица или 80,3% од случаите, додека Куманово има 35 случаи или 5,5%. Заболени има и во други 17 градови.

Епидемијата започнала во првата недела од 2024 година и бројот на случаи се зголемувал до 12-та недела. Од тогаш, бројот на нови случаи се менувал. Од вкупниот број заболени, 90 лица или 14,3% се хоспитализирани, од кои 75 се на возраст до четири години. Најмногу хоспитализирани се во Детската клиника за белодробни заболувања во Козле а времето на хоспитализација трае околу девет дена. 

Во тек се две епидемии и тоа во Скопје и Куманово. Од вкупно 631 случај, 379 лица не се вакцинирани или не се целосно вакцинирани. Од вакцинираните 201 лица, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување изнесува 12,4 години, заклучуваат од ИЈЗ. Од 18 јануари до 23 мај се дадени 49.934 дози вакцина против голема кашлица.

 
 

АКТУЕЛНО