Во срцето на Италија се слушна Македонската песна – Младите хористи од ОУ „Кочо Рацин“ освоија прво место

Младите македонски хористи од  ОУ „Кочо Рацин“ од Скопје освоија прво место на светскиот куп на фолклорот во Венеција и победија конкуренти од 12 земји учесници со околу 500 натпреварувачи во различни категории, со две македонски народни песни во нови аранжмани, а ментор им беше наставничката по музичко Наташа Митрова.

-Победнички, силно, достоинствено, храбро, смело… во срцето на Италија се слушна Македонската песна. Песна, која и не само Италијанското срце, туку и срцето на многу земји го обои во црвено – жолти нијанси. Неверојатно е чувството да се слушне името на својата татковина, МАКЕДОНИЈА, но победнички. Замислете, 7 мали деца ја направија татковината горда, го направија гордо и своето училиште, својот училиштен дом. Храбро застанаа на Италијанската сцена Олег, Софија, Мартин, Мина, Меглена, Александра и Јана. Солзи радосници во очите на сите нас… ежење на кожата… воодушевување. Неверојато убаво чувство не облеа кога некаде во попладневните часови, 26 Мај, ни се јавија од Италија и ни кажаа: „Buona giornata a tutti – Кочо Рацин, Македонија, ние сме ПРВИ…ПРВО МЕСТО!!!”, изјавија победниците.

 

Предметниот професор по музичко образование, ментор Наташа Митрова, заедно со 7 ученици од училишниот хор, му покажаа на Светот како е да се биде најдобар меѓу најдобрите! 

Се слушнаа убави мелоси на Македонски песни, и тоа обработени за хорска изведба.

Минатогодишната победа беше поттик за нови музички авантури на училишниот хор при ООУ Кочо Рацин – Скопје, под диригенската палка на предметниот професор по музичко образование, ментор Наташа Митрова.

 

Храбро, достоинствено, професионално, Рациновиот хор го освои и овој фестивал, Светски Куп во фолклор, Соправиста во местото Лидо ди Јесоло, Венеција, Италија, каде околу 12 земји учесници со околу 500 натпреварувачи во различни категории разбраа дека МАКЕДОНИЈА е земјата која оваа година ќе ја предводи парадата, со веење на Македонското знаме…

Оваации грмеа за време на настапот. Овации грмеа и по настапот.

Овации и силна Македонска песна се слушаше низ цела Италија за време на парадата, која ООУ Кочо Рацин, Наташа и своите 7 Рациновци храбро го вееја знамето и му покажаа на светот која е Македонија.

Овие 7 деца покажаа како се сака Татковина, Град, Општина, Училиште…

АКТУЕЛНО