Search
Search

Во Визбегово се истурале токсичен смет и градежен отпад

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, информираше дека е ставен крај на уште една дива депонија на територијата на Град Скопје, депонија што со децении ги труе скопјани, а се наоѓа во населбата Визбегово.

– На самото место, нашите инспектори затекоа камиони и тешка механизација, како истураат токсичен смет и градежен отпад, по што беше повикана и полицијата да реагира. Она што било дозволувано со години и поминувало неказнето, денес се санкционира, сопствениците ќе одговараат кривично со својот имот и со својата слобода – нагласи Арсовска.

Таа им се обрати на сите оние што му штетат на здравјето на граѓаните со ваков екоцид, дека завршило нивното време, завршило времето на неказнивоста и оти ќе има одговорност за сите.

 

АКТУЕЛНО