Search
Search

За украсувањето на Скопје нема ниту тендер ниту јавен повик

За украсувањето на Скопје нема ниту тендер ниту јавен повик иако градоначалничката Данела Арсовска на интернет подкаст кажа дека за украсувањето на Скопје од 30.000 евра имало јавен повик. Но, никој не кажува каде е објавен повикот ниту кога е објавен и која е фирмата која е избраната.

За 30.000 евра за кои пред десетина дена на нејзината фејсбук страница објави дека ќе ги потроши за украсување на главниот град, Град Скопје нема распишано јавна набавка, ниту е спроведен тендер.

Од Јавното обвинителство велат дека за тоа како и каде завршиле 30 000 евра од Град Скопје, значи парите на граѓаните, надлежна да открие е финансиската полиција.

Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки – тврдат од Обвинителството.

АКТУЕЛНО