Закани за бомби во основни и средни училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид

 Во 19 средни и осум основни училишта во Скопје и во едно основно училиште во Прилеп денеска повторно има закани за бомби.

Пријава за поставена експлозивна направа денеска има и во Основниот суд во Охрид. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки.

АКТУЕЛНО