Search
Search
Фото/Градска редакција

Занаетот на ковачите сепак опстојува во Старата скопска чаршија

Сепак има надеж за некои стари занаети во Старата скопска чаршија, неколкуте работилници за ковање, околу пет колку ги имаше на број, уште имаат работа и секојдневно кај нив се појавуваат муштерии кои бараат да им се поправа некое парче железо или пак бараат алати за работа.

Фото/Градска редакција

Занаетот на ковачите која со години се врши во една од уличките на Старата скопска чаршија, уште е живо и железото се калаисува и се обработува, еден од тие кои  уште го работи и негува ова професија е Насер Бајрами. Тој занаетот го наследил со генерации, пред таткото на Насер кој и го изучувал занаетот во ова работилница, поточно работел со својот дедо и прадедо. Екипата на Градска редакција , Насер го затекна како калаисува и обработува секира, и така ни почна нашата сторија со кратки прашања и добивање на кратки одговори за тоа што прави во моментот.

Фото/Градска редакција

„Во моментот  работам на секира, се кова, калаисува и се наострува, челикот е многу цврст а железото пофлексибилен материјал и така за да се обработува материјата или железото мора да бидат жешки, постојано да се стават во огин, се кова неколку минути пак се става на огин„

Фото/Градска редакција- Друга работилница на ковач во Старата скопска чаршија

Тој за градска редакција раскакува за времето кој го поминува во просторијата каде огинот и жарот за топење и обработка на железото и челикот е симбол на ковачот.

Фото/Градска редакција

„Занаетот е многу добар и убав, ја сакам ова работа, ја наследив од мојот татко,  тој го наследил од својот татко неговиот дедо, ова работа ние традиција, со години го работиме и негуваме. Работата не е лесна, тешка е но ова ми е извор и на приходи за моето семејство. Лошо е што младите не сакат да ја работат ова професија, тие сакат полесни работи и повеќе пари, еве и мојот син не сака да ја работи ова работа, така веќе со мене во моето семејство ќе престане да се продолжува оваа семејна традиционална професија, занаетот на ковач истиот проблем со наследници имаат и другите ковачи кои се во чаршија„

Ковачот Насер вели дека не е точно дека овој занает е во изумирање, има работа но треба да си принципиелен, дуќанот да се отвори рано и да се чекаат муштериите.

„Има работа, ве лаже тој што ќе ви каже дека од ова работа нема приходи, нормално треба да отвориш рано и да ги дочекаш муштериите. Ако отвориш во десет нормално дека нема да најдеш работа.

Додека разговаравме со ковачот, ни дојде муштерија, веднаш почнаа со договарање, тој бараше Перустија (Железен триаголник со долги ногарки за печење со сач), ова ни даде надеж дека ова професија има некаква перспектива. Нај многу се бара да се изработуваат печки, скари, лопати, копачи и покриви на оџаци.

„Од сезоната зависи што се бара најмногу, сега пример ќе почне сезоната каде луѓето кои имаат паркови или бавчи ќе барат прибор за обработка на бавча или парк, и земјоделците имаат свои побарувања за нивните секојдневни работи„

Но факт е дека Старата скопска чаршија се менува , во новото време, ги нема некои дуќани кои ги работеле старите занаети, така и уличката на ковачи полека се менува тука се големиот број кафулиња и кафеани, кои сакаат да ги привлечат посетителите нудејќи им забава достојна на новото време. Пред некоја година во едно од тие кафулиња се слушаа и звуците на чалгиите, кои потоа ги снема.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО