Search
Search

Запалени три контејнери на улица Јуриј Гагарин во Карпош

Во текот на изминатиот викенд, непознати сторители запалиле три контејнери на улицата Јуриј Гагарин во  општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Комунална хигиена“ станува збор за пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри, од коишто едниот е сосема уништен и неупотреблив, додека останатите два сада претрпеле значителни оштетувања од пожарот.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на микролокацијата и го заменија комплетно опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот, додека останатите два контејнера се сервисирани – соопштија од претпријатието.

Оттаму апелираат граѓаните внимателно да ракуваат со садовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно програмата за работа. Секое оштетување на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје.

АКТУЕЛНО