Search
Search

Здравствените инспектори во контрола низ градинките

Здравствените инспектори од денеска излегуваат на терен. Како што веќе најавија од Државниот здравствен и санитарен иснпекторат.

Инспекциските надзори во детските градинки започнаа денеска со издавање на решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со ди-те-пер или се нецелосно имунизирани.

Исто така ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ди-те-пер.

Решенијата за забрана ќе ги издаваат на градинките.

Вонредните контроли на здравствениот инспекторат доаѓаат по препорака на Комисијата за заштита од заразни заболувања и одлука на министерот за здравство со цел да се спречи ширењето на епидемијата со пертусис. Од почетокот на годинава, вкупно регистирани се 173 случаи на голема кашлица во земјава.

АКТУЕЛНО