Search
Search

Јакимовски: Синот и снаата наместо венчаница добија умреница

Градоначалникот на општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски денеска изјави дека неговиот син и снаата, наместо Извод од матичната книга на венчани лица, добиле Извод од матична книга на умрени

-Денот на нивната венчавка е впишан како ден на смртта. Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсетува- изјави Јакимовски.

Тој додаде дека економската состојба не се единствениот мотив за младите да заминат од државата.

-Со вакви перспективни и талентирани кадри е наполнета држвната и јавната администрација. Имаме илјадници црни хумори со партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ и што е најбитно и на нив не им чини администрацијата во зависност дали се власт или опозиција. Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата, се друго е резултат на кампањи и лепење плакати, додаде тој.

АКТУЕЛНО