Search
Search
Фото Дехран Муратов

Ќе го снема ли некогаш ѓубрето и национализмот во ЈСП?

Знаеме дека голем дел од автобусите од јавниот превоз се стари и нечисти, но се чини дека патниците имаат и свој придонес кон кон уништувањето на се што е јавно, односно се што им припаѓа на сите граѓани. Ѓубрето, семките од сончоглед, пакувањата од сокови се редовна декорација на автобуските подови, а седиштата се најкористената табла за учениците. Во принцип за 15 години, како земја не сме оствариле напредок во читање со разбирање според најновата ПИРЛС 2021 меѓународна студија (Progress in International Reading Literacy Study). Но за жал нашите ученици станаа „првенци“ во пишување националистички пораки. 

Фото Дехран Муратов

АКТУЕЛНО