Search
Search

Ѓорчепетровци порачаа НЕ за бетонизација на Ѓорче

Стотици граѓани попладнево излегоа на протестен марш против носењето на Деталниот урбанистички план за градската четврт СЗ16 со кој се предвидува изградба на триесеттина висококатници на просторот спроти пазарот во населбата Ѓорче Петров.

 

 

 

 

Од протестот беа упатени пораки, градоначалникот Александар Стојкоски и мнозинството во Советот да се откажат од планот кој според нив ќе го загрози хуманото живеење во општината.

Со изградбата на новиот комплекс згради општината ќе добие 12.000 нови жители, а во моментов вкупниот број на жители на целата општина е некаде околу 45.000 жители.

 

АКТУЕЛНО