Search
Search

ЈСП утре со неделен возен ред, од понеделник почнува зимскиот распоред

Од ЈСП известуваат дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), линиите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Воедно, од понеделник, согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред.

 

АКТУЕЛНО