Search
Search

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

Неодамна, се појави првото музичко издание , песната,„Трофеј“ од младиот автор и музичар Борјан Диневски. Официјално, неговата песна се појави на 24 јуни годинава и стана дел од музичката летна понуда за македонската публика.

По тој повод, Градска Редакција направи интервју со Борјан, новото име на музичката сцена.

ГРАДСКА РЕДАКЦИЈА: Кажи ни нешто повеќе за себе. Кој е Борјан Диневски?

БОРЈАН ДИНЕВСКИ: Имам 18 години, 4-та година сум во Гимназијата ,,Орце Николов”. Ова е мое дебитантско појавување во музичкиот свет. Затоа ми е многу важна вашата поддршка и би ми значело многу ако вашите читатели ја слушнат и споделат песната. 

ГРАДСКА РЕДАКЦИЈА: Кој е автор на музиката и текстот?

БОРЈАН ДИНЕВСКИ: Комплетен автор на музиката и текстот, како и  продуцент  на песната ,,Трофеј” е Александар Масевски, а  официјалниот видео запис е во продукција на TCG.mk.

Масевски беше иницијатор да ја снимам оваа песна иако немам формално музичко образование, а и да бидам искрен, претходно немав некакви јасни амбиции за влегување во овие води. Многу сум благодарен што тој во мојот глас пронајде нешто вредно, кое може достојно да ја донесе неговата песна.

ГРАДСКА РЕДАКЦИЈА: Пееш со љубов за љубовта. Како гледаш на музиката и што друго го окупира твоето внимание?

БОРЈАН ДИНЕВСКИ: Музиката ја сакам отсекогаш, и сметам дека во пеењето најважно е срцето – тоа што го чувствувам е она што  се слуша во мојот глас. Освен музиката, моите интереси се насочени кон природните науки, кон математиката, но исто толку и кон странските јазици, психологијата, драмската  уметност, кон  уметноста воопшто.  

ГРАДСКА РЕДАКЦИЈА: Опиши ни ја својата песна со твои зборови.

БОРЈАН ДИНЕВСКИ: „Трофеј“ е современа поп/афробит песна, а летната атмосфера и нејзиниот модерен звук  се вклопуваат со периодот кој следи. Текстот ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите луѓе како мене. Создадена е да донесе свежина во програмата на радијата и медиумите. 

ГРАДСКА РЕДАКЦИЈА: Ја цениме твојата скромност, а уште повеќе енергијата и талентот. Ти посакуваме многу успех, Борјан.

БОРЈАН ДИНЕВСКИ: Многу ви благодарам.

 


Во продолжение, го објавуваме видео спотот, како и текстот на песната, напишан од Александар Масевски. Изведувач: Борјан Диневски.

ТРОФЕЈ

Ти си нестварна
ко илузија…
Пак ме оставаш
во конфузија.
Ми правиш филмови
дека нема друг
околу тебе
во твојот круг.

Дали моја си?
Или сонувам?
Дал знам која си?
…Баш се сомневам.

Како трофеј…
како трофеј те чувам.
Без тебе – не, јас не можам.
Како трофеј,
како трофеј те чувам…
Не сакам да те изгубам.

И ме оставаш пак.
Ме оставаш пак…
Ти ме оставаш пак
во мрак.
Кажи збор, дај ми знак
или остави траг…
Ти ме оставаш пак
во мрак!

Дали моја си?
Или сонувам?
Дал знам која си?
…Баш се сомневам.

Како трофеј…
како трофеј те чувам.
Без тебе – не јас не можам.
Како трофеј,
како трофеј те чувам…
Не сакам да те изгубам.

Линк до песната на Spotify: https://open.spotify.com/track/6uM0KDCZoMcHjaWMNL1QP9

 

АКТУЕЛНО