Search
Search
Фото/ Градска редакција

15 проценти казна за дел од градската администрација, предложи на сред седница Славевски

Претседателот на советот на Град Скопје Трајко Славевски  од говорница на сред седница  предложи казна од 15 проценти намалување на плата на градската администрација. Тоа го кажа бидејќи службеничката  која седи во левата страна на Славевски не се појави на време во своето место, по паузата која траеше околу 15 минути.

Фото/ Градска редакција

„Со извинување но ова мора да го кажам. Службите за кои изразивме подготвеност да им се зголемат платите во моментот не се во салата и ова нека биде прва опомена, ќе предложам казна од 15 проценти  намалување на платата„ рече Претседателот на советот на Град Скопје Трајко Славевски.

Фото/ Градска редакција

Претходно советниците на СДСМ предложеа амандман со кој се предвид видува во предлог ребалансот на буџетот на Град Скопје кој треба да се обезбедат 12 милиони денари за покачување на платите на вработените на градската администрација, преведено за околу 5000 денари покачување на секој вработен.  Овој предлог беше усвоен едногласно.

Н.Ш

АКТУЕЛНО