Со говорот на Арсовска се вжешти дебата во седницата на град Скопје

Ја отруевте работната атмосфера во седницата„ вака претседателот на совет на Град Скопје Трако Славенски го нарече говорот на градоначалничката Данела Арсовска. Според  него целиот говор на Арсовска беше политички.

Во нејзиното обраќање градоначалничката Арсовска нареди низа обвинувања врз претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, членовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на советот Славевски.

Таа како што рече „Мицковизмот„ е влезен длабоко во мислите на секој функционер на ВМРО-ДПМНЕ, па така и советниците на градот од ова партија не овозможуваат да се реализираат многуте проекти во Скопје.

„Вие сте власт во град Скопје, вие сте причина дека не се реализирани многу проекти, на место да се реализираат над 400 проекти, реализирани се само околу 200. Јас како градоначалник не можам се да направам сама ако вие не подржувате. Мицковски е ракот на ова општество, ракот на Македонија. Мицко не дава да се гласат ваквите одлуки„ Рече градоначалничката Арсовска.

Таа најави дека ќе покрене и постапка за фалсификување на потписи за присутност на други советници од страна на претседателот на градскиот совет Трајко Славевски.

Славевски возврати дека ќе покрене тужба за клевета.

„Ова не е точно што го искажавте, за ова ќе покренам тужба за клевета. Не е точно дека сум фалсификувал потпис, да сум се потпишал кај две колешки кои поради здравствени причини во седницата биле присутни онлајн„ рече Славевски.

Поради ова кавга, Славевски даде пауза од пола час.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО