Search
Search

Скопјани ќе имаат парно на 15 октомври, уверуваат од АД ЕСМ.

Од компанијата известија дека имаат привремено решение за спроведување на топлинската енергија. По неколку недели расправии со Град Скопје за тоа кој е надлежен да го санира мостот и да добијат дозвола за монтажа на новите цевки, конечно известија дека топлинска енергија ќе спроведат преку други цевки.

ЕСМ има алтернатива, преку овој цевковод на железничкиот мост ќе спроведат топлинска енергија до жителите на Скопје. Уверуваат дека за десет дена скопјани ќе имаат парно.

Од ЕСМ прават административни подготовки, чекаат дозволи по што ќе почнат со работа на терен. Велат во постојана комуникација се со Град Скопје под чија надлежност е мостот и се бара заедничко решение за санирање на проблемот. Потенцираат, како што лани излегле во пресрет кога на БЕГ им беше одземена лиценцата, така и оваа грејна сезона нема да ги остават на цедило граѓаните.

– Минатата грејна сезона, кога сите кренаа раце и избегаа од одговорност, АД ЕСМ по задолжение од Владата го презеде и овој товар. Доколку АД ЕСМ не менаџира со кризата со топлинска енергија во градот Скопје, иако се работи за комунална дејност и обврска на општините, тогаш граѓаните во градот Скопје ќе се грееја на струја и можеби ќе крахира електроенергетскиот систем во целата држава. Цевководот ќе биде целосно функционален и во согласност со законската обврска на 15 октомври ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на Скопје, соопштија од АД ЕСМ.

Од регулаторна најавија дека одлука за цена на парно нема да носат додека не заврши монтажата, а според нивните пресмети доколку не се постават новите цевки на мостот Беласица, парното може да поскапи за над 60 отсто.

АКТУЕЛНО