Ќе остане ли Скопје без превоз? Советниците дебатираат за субвенционирање на ЈСП

Одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2023 година  е единствената точка на вонредната седница на Град Скопје. Со ова одлука парите ветнаш штом ќе бидат изгласани од советниците утре дента ќе им бидат префрлени и вработените во јавниот превоз ќе добијат плата.

ВД Директор на Јавно сообраќајно претпријатие Крсте Петревски на своето обраќање пред советниците рече дека овие средства се важни за ЈСП за понатамошно функционирање.

„Мал дел од големите трошоци на ЈСП се; нафта 510 милиони денари 16 милиони за други горива, за повремено вработување преку агенција, судски трошоци прекршоци. Платите со последно покачување 900 милиони денари, 28 милиони за резервни делови, околу 20 милиони денари за струја, за гуми 10 милиони, додека за приватните превозници годишниот трошок е 340 милиони денари. Просечна старост на автобусите се 12 години, треба да се 6 или 7 години, ова дава дополнително трошоци, поправки, амортизација и гориво. Трошоците на претпријатието се огромни, дека за плати на годишно ниво се издвојуваат 812 милиони денари, приближно колку што се сопствените приходи на ЈСП, додека расходите на претпријатието се проектирани на 2 милијарди денари годишно. Јас како директор сакам да апелирам бидејќи ова е важно за исплата на платите на вработените, ако не се случи ова ќе значи колапс на ЈСП, и со тоа хаос во градот. Повикувам да се надминат партиските интереси, не за мене како директор туку за граѓаните на Скопје„ рече ВД- Директорот на ЈСП Крсте Петревски.

Советникот од редовите на СДСМ Гордан Шутаров вели дека го подржува субвенционирањето на ЈСП, но добро е што почна и со БРТ проектот за по ефикасен сообраќаен транспорт.

„Ставот е јасен гласно го кажуваме и повторуваме, советничката група на СДСМ и коалицијата секогаш ќе го подржува ЈСП затоа што граѓаните, пензионерите, студените имаат потреба за користење на јавен превоз, Субвенциите ќе ги подржуваме, не дадовме поддршка за набавка на нови автобуси, затоа што 2 години се залагаме за Бас рапид систем а гледаме дека пак е промовиран тој проект. Ако се даваше поддршка пред две години проектот до сега ќе се реализраше, Апелираме проектот за БРТ да почне веднаш бидејќи средствата се изгласани и може да се искористат„ вели во неговото обраќање советникот Шутаров.

Ирена Витина советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје вели дека треба да се овозможат и средствата за нови автобуси.

„Оваа е трета седница и се е јасно, ние како советничка група подржавме одлуки за ЈСП затоа што граѓаните имаат потреба  за добар јавен сообраќаен сервис. Исто така под итно бараме да се закаже седница за да може град Скопје да се задолжи за да се набават нови автобуси„ вели советничката Витина.

Ова одлука не се изгласало на две  претходни редовни седници. Во претходната расправа некои советници во своите дискусии искажаа сериозни забелешки за работата на претпријатието и однесувањето на неговиот директор .

Тоа што во еден месец трипати овој проблем се става пред советниците, говори дека состојбата на ЈСП „Скопје“ воопшто не е толку добра како што раководството, па и Град Скопје, се обидува да ја претстави пред јавноста.

ЈСП „Скопје“ со години опстојува со помош на субвенции од Градот,

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО