Search
Search

ЕСМ го локализираше дефектот во Кисела Вода, дел од жителите повторно имаат парно греење

ЕСМ го локализираше дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во Кисела Вода, а дел од жителите  повторно имаат парно греење.

-Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина во тек на вчерашниот ден во најкраток рок го локализираа дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во населбата Кисела Вода. По локализирање на дефектот, утрово повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во таа населба, соопштуваат од ЕСМ.

Од компанијата информираат дека екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина и денеска се на терен и интензивно работат на санација на дефектот, со цел истиот да биде саниран во најкус можен рок.

АКТУЕЛНО