Search
Search
Фото/Градска редакција

Скопје треба да учи – Во Охрид се изнајмува велосипед за 150 денари

Во Градот Охрид лесно и достапно можеш да изнајмуваш велосипеди и да го прошеташ градот и тоа за прифатлива цена, можност и за туристите но и за населеното место.

При посета на Градска редакција на Охрид забележавме дека во секој ќош во градот особено во стариот дел во чаршијата приватни сопственици на велосипеди нудат механички и електронски велосипеди за изнајмување, цената зависи, за да се изнајми тротинет за цел ден е 600 денари, а за еден час 150  денари.

Фото/Градска редакција

„ Имам неколку десетина велосипеди, ги давам на изнајмување, по 15 денари час или 600 денари за цел ден. После користење велосипедот или се враќа кај местото кај е земен или се остава во место каде е крајната релација, ние после oдиме и ги собираме. Нај многу  се користат од туристи кои сакат да ги посетат различните делови на градот. Се изнајмуваат и од месното население кои сакаат да завршат некоја работа во градот. Се користат, јас ги издржувам и постојано им правам сервис„ вели за Градска редакција изнајмувач на велосипеди во центарот на градот.
Интересно што и хотелите нудат изнајмување на велосипеди за нивните клиенти. Во последно време Охрид доби и електрични велосипеди за изнајмување. На неколку локации во центарот на градот, може да се рентаат најнови модели на електрични велосипеди за незаборавна прошетка низ Охрид и околината. Се нудат два типа на велосипеди градски урбан е-бајк и планински е-бајк. Е-велосипедите се во сопственост на приватна компанијата.

Но каде е Скопје во ова приказна?

 

Каде во Скопје можеш да изнајмиш велосипед, не се мачите, нема. Градот и ако има многу потреба  никако да се најде метода за граѓаните и туристите да можат да изнајмат велосипед.

Во Скопје не може да се изнајми велосипед бидејќи проектот кој беше воведен во 2010 не функционира веќе шест години. Со доаѓањето на новата градска администрација пред три години беше најавено дека овој проект ќе се обнови и унапреди. Градските власти го промовираат велосипедот како средство за превоз на граѓаните, се изведуваат велосипедски патеки и се доделуваат субвенции за купување велосипеди, ама пунктови за изнајмување нема.

Н.Ш

АКТУЕЛНО