ФОТО Дрвјата во Скопје ги сечеме, а европските градови ги чуваат како скапоцени

Растенијата, а особено дрвjата, се клучни за луѓето  особено за тие кои живеат на градските средини. Тие овозможуваат почист воздух и создаваат кислород. Но дали Град Скопје е од тие администрации кои се грижи за здравјето на дрвата во Скопје? Со тоа да се спречи масовното разголување со масовното бетонирање.  Дали Скопје  мисли некогаш да земе практики од други европски земји, како тие се однесуваат кон природата.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

Градска редакција ве води во еден мал град во Германија кој се вика Дирен и има  91,814 жители. Зачудувачки но и импресивно е како се зачува природата и чистотата во градот, поневообичаено е како се грижеле и покрај изградбата на патишта да не се сечат дрва, ова најдобро се потврдува и од фотографиите кои ги направи екипата на Градска редакција.

Фото/Градска редакција

Каде е Скопје во овие приказни?

Ваква слика на преминување на дрво среде пат само да не се сече, нигде нема да најдете во Скопје. Во Скопје може да наидете на слики каде се сечени дрва, оставени корења кои со години стојат не исчистени. Во Скопје е практика секогаш кога ќе се гради нешто, дрвата секогаш сметат а решение е нивното сечење.

Фото/градска редакција
Фото/Социјални мрежи
Фото/Социјални мрежи

Инаку факт е дека старите, возрасни дрвја имаат многу поголемо значење за екосистемот од новите насади. Освен што го прочистуваат воздухот, самите дрвја претставуваат и живеалиште на многу видови животни. Возрасното дрво е сигурен извор на кислород и хабитат, а новите насади се само потенцијална шанса за тоа.

Н.Ш

 

 

 

АКТУЕЛНО