(Фото+Видео) Граѓаните едногласни – Тротинетите мора да се регистрираат!

Речиси секојдневно по скопските улици се регистрираат инциденти со тротинети, кои како предизвикувач некогаш се појавуваат и самите возачи на тротинети кои возат по несоодветни простории, некогаш нема патеки за нив, а таму каде што ги има е блокирано е од паркирани коли, а најчесто вината никој не ја презема.

Најголемите инциденти се случуваат токму од малолетни деца кои не само што ги возат туку на тротинети се качуваат  и по двајца.

Во неколку земји веќе е регулирано  електричните тротинети и велосипедите да се регистрираат од нивните сопственици. Дали вакво правило треба да се донесе и во Македонија? Градска редакција побара мислења од граѓаните. Тие се изразија едногласно дека треба да се регистрираат тротинети, бидејќи одговорност треба да има и со тоа би се намалиле и многубројните инциденти.

Конкретен случај со инцидент на тротинет имаше и Градска редакција кога на среде анкета, заедно со новинар на Градска.мк беше удрен со тротинет во среде неговата работна задача.

Новинарот додека земаше изјава од еден граѓанин седнат на клупа на улица „Македонија“, камерманот ненајдено беше удрен од тротинет кој го возеше малолетник.

За среќа, камерманот остана без посериозни повреди, но инцидентот потсетува на важноста на безбедноста на патот и пристојното користење на тротинети.

Законски правила при возење на електричен тротинет во Македонија

Според правилата возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, истите се должни да се движат еден зад друг. А истиот , не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h. Глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој ќе се движи со брзина поголема од 25 km/h. Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.  Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото…

Во соседна Србија донесен закон за регистрирање тротинети

Сопствениците на електрични тротинети во Србија имаат време од 5 април до 15 јуни да ја завршат регистрацијата, по што започнува контролата.
За да се добие налепница, потребна е техничка документација од која може да се одреди марката на самиот тротинет, максималната номинална моќност на електромоторот што го придвижува, потоа брзината која не смее да надмине 25 километри на час, како и масата на празно возило.

Н.Ш

АКТУЕЛНО