Во јули започна реконструкцијата на сервисната улица Бледски договор, која се наоѓа на територија на Општина Карпош, поточно во населбата Карпош 3. Граѓаните цело лето возеа по едвај една лента, а таму се наоѓаат три болници, „8 септември, “, поликлиника „Букурешт“ и клиниката „Жан Митрев“, сега пак нема обележани пешачки премини.
Знаците се поставени, дури има знаци и за „легнати“ полицајци, но сепак на оваа улица нема пешачки премини па граѓаните поминуваат кој каде може.
Обновата на овој коловоз се најде во договорените страни помеѓу Министерството за транспорт и врски и Општина Карпош, како дел за Тендер 5 -„Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта за избрани општини согласно изработени основни проекти – Дел 2“.
Изведувач на градежните активности е “БАУЕР БГ ДОО,, Скопје. Предвидено беше градежниот зафат да заврши за околу два месеци.