„Што се случува со лицето на Трамп? Нормално, тоа е портокалово, но оваа боја изгледа болно“, „Молете се за шминкерката на Трамп“, „Што се случило овде?“, „Изгледа како да стоел со часови со француските фармери пред градското собрание“, се дел од коментарите на „Х“.
За потсетување, Доналд Трамп победи на републиканските предизбори во Њу Хемпшир, со што по трет пат ја освои претседателската номинација од републиканците. Тој ја победи својата ривалка Ники Хејли во држава во која таа имаше најголеми шанси против него.
„Associated Press“ и телевизиските мрежи ја прогласија победата на Трамп кратко по затворањето на гласачките места, врз основа на првите резултати и излезните анкети. Иако досега гласале само две држави, победата на Трамп на предизборите ја нагласува неговата доминација во партијата.