Search
Search

Ова се најдобрите земји за пензионирање

Во 1881 година Ото фон Бизмарк предложи радикална идеја: на луѓето постари од 70 години да им се даваат државни пензии. Овој модел оттогаш е масовно усвоен и најголем дел од земјите во светот сега имаат старосна граница за одење во пензија, после што работниците можат да бараат бенефиции исплатени преку години работа.

Меѓутоа, модерната пензија е многу повеќе од финансии. Компанијата за уравување со богатството Natixis анализираше 44 земји во четири главни категории, кои влијаат на способноста на нивните жители добро да се пензионираат според Глобалниот индекс на пензионирање за 2023 година. Секоја категорија има подиндекси, од кои се рангирани последните резултати од за креирање на ранг листата.

Категориите се следните

-Здравје: потрошувачка по жител за здравствена заштита, очекуван животен век и неосигурани здравствени трошоци;
-Квалитет на живот: степен на среќа, вода, квалитет на воздух, животна средина и биодиверзитет;
-Материјална состојба: приход по жител, еднаквост на приходи и ниво на вработеност;
-Финансии за пензионирање: државен долг, старосна зависност, каматна стапка, инфлација, управување, даноци и ненаплатени кредити од банки;

Со оглед на тоа дека се очекува една третина од светот да има 65 и повеќе години до 2050 година, што преземаат земјите за создавање на поволна средина за одење во пензија?

Од анализираните земји, овие се најдобрите десет за пензионирање.

Норвешка е на прво место со најдобри резултати во здравството и материјалната благосостојба. Што се однесува на здравствените метрики,Норвешка е една од ретките земји во кои очкууваниот животен век се продолжил во однос на пандемијата. Сега тој изнесува 83,3 години и е една од највисоките стапки во светот. Моменталната стапка на невработеност во земјата сега е 3,8%.

Норвешка и наредните три земји на ранг листата – Швајцарија, Исланд и Ирска се единствените кои си го задржуваат своето место од минатата година.

На петто место е Луксембург, на шесто место е Холандија, на седмо е Австралија. Осмата позиција ја зазема Нов Зеланд, деветта е Германија, а Данска ја заокружува топ 10 листата со најдобри земји за пензионирање.

 

АКТУЕЛНО