Search
Search

Кумановската библиотека го збогати книжниот фонд

Библиотеката „Тане Георгиевски“ Куманово го збогати книжниот фонд со над 2.050 книги, белетристика и лектири, информираа денеска од јавната општинска установа. Во тек е обработка на книгите и дел од нив веќе се достапни за читателите. Покрај, овие книги, кумановската библиотека добила и подароци од Министерството за култура, од автори, писатели и поети.

– Нашата библиотека „Тане Георгиевски“ пред сè институција која покрај основната задача збогатување на книжниот фонд и нудење услуги на читателите има јасна визија и мисија, тоа е промовирање на книгата како вистинска вредност меѓу младите. Може да кажам дека минатата 2023 беше успешна година, изјави директорката на библиотеката, Христина Алексовска.

Вкупно, според податоците на установата набавени се 3.560 библиотечни единици. Кумановската библиотека е една од најдобро снабдените во државата со над 242.000 публикации.

– Најмногу се бара белетристика, трилери, драми, учениците лектири. Имаме значителна стручна литература која можат да ја користат ученици, студенти, сите, додава Алексовска.

Расте бројот на запишани читатели во одделот за деца, но опаѓа бројот во одделот за возрасни. Надлежните од установата сметаат дека ова се должи на миграцијатаНа двата оддели има 3.200 читатели. . Вкупно во двата оддели има 3.200 книги. И годинава ќе продолжат праксата за бесплатно запишување на второодделенчињата, промоции на книги, работилници со најмладите, конкурси.

АКТУЕЛНО