Search
Search

Млад возач со „голф“ прегази 70-годишен велосипедист

Повозрасен велосипедист е тешко повреден откакако бил прегазен во скопско.

– На 08.02.2024 во 12.00 часот било пријавено дека во с.Марино-скопско патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.П.(24) од Скопје удрило во велосипед управуван од В.К.(70) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

АКТУЕЛНО