Search
Search

По 7000 денари добија 75 семејства со новороденчиња во Центар

На 75 семејства со новороденчиња, жители на Општина Центар, денеска градоначалникот Горан Герасимовски им додели  решенија за еднократна парична помош во износ од 7 илјади денари.

Ова се најсреќни мигови во вашиот живот, но пред вас има и многу предизвици. Токму затоа Општина Центар е тука да ви даде поддршка. И оваа година продолжуваме да доделуваме парична помош од по 7. 000 денари за секое новороденче, средства кои, се надевам, ќе бидат добредојдени во буџетот на семејствата кои имаат принови. Со оваа финансиска поддршка сакам да испратам јасна порака дека нашата општина се грижи и ќе продолжи да се грижи за своите најмали жители, истакна градоначалникот Герасимовски.

Покрај овие средства, родителите на новороденчињата добија и соодветни подароци од општествено одговорни компании.

Општина Центар редовно доделува еднократна парична помош за новите родители во рамки на проектите од областа на детската заштита и грижата за најмладите, жители на Општината.

АКТУЕЛНО