Search
Search
Un fermo immagine tratto da un video dei vigili del fuoco mostra la voragine che si è aperta nel quartiere Vomero di Napoli, dove due vetture, una parcheggiata e un'altra in transito, sono state inghiottite, al civico 63 di in via Morghen, 21 febbraio 2024. ANSA/ CIRO FUSCO

ФОТО Дупка на улица „проголта“ автомобил во Неапол

Двајца мажи може да бидат среќни што останаа живи откако автомобилот со кој се превезувале пропаднал во голема дупка којашто се отворила во коловозот рано утрото во средата во неаполската населба Вормеро.

Двајцата мажи кои се враќале од прослава ги спасила војската, стационирана во близината во рамките на операцијата „ Strade Sicure“ (Сигурни патишта), пишува службената новинска агенција Ansa. Во дупката пропаднал и автомобил паркиран во близината, се додава во
информацијата.

„Цело чудо е што сме живи, можеше да биде многу, многу полошо… Живи сме благодарејќи на брзата реакција на војската“, вели Џулио Деле Доне, еден од двајцата млади мажи.

Деле Доне, кој истовремено е и член на локалниот власт, вели дека само секунда по пропаѓањето на нивниот автомобил паднало и дрво и пукнала водоводна цевка.

„Беше околу 4 часот наутро. Водоводната цевка пукна и можевме да се удавиме. По многуте вакви случувања, се надеваме дека конечно ќе ја мапираме состојбата на сите градежни локации и системи“, продолжил неговиот сопатник.

 

Градоначалникот на Неапил, Гаетано Манфреди, изјави дека градот има „канализациски ситем кој со години не е одржуван“.

„Го имплементираме проектот на континуиран надзор на водоводната и канализациската мрежа и тоа ќе ни овозможи превентивно одржување“, ветува градоначалникот.

Адвокатот Анџело Писани, претседател на здружението на потрошувачи „Нои Конзуматори“, рече дека урнатиот пат е привремено затворен и додаде дека не е првпат ваков инцидент да се случи во Неапол.Тој посочи дека граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедно поради дупките на патиштата и заклучи дека поради лошата контрола водата истекува под земја и со тоа предизвикува големи штети.

 

АКТУЕЛНО