Search
Search

Децата со попреченост ослободени од плаќање за градинка во општина Бутел

Советот на Општина Бутел донесе одлука според која децата со попреченост се ослободуваат од плаќање партиципација за користење на услугите на градинките.

Одлуката е изгласана по предлог на градоначалникот Дарко Костовски, а со неа се опфатени децата кои имаат наод или мислење од стручна установа или специјалист.

Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемените сметки и зголемените трошоци за живот, Општина Бутел носи нова мерка со која директно финансиски се помагаат родителите. Ова е уште една од низата мерки со која директно се помага на родителите – соопшти Костовски.

Според него, Општината со низа проекти се обидува да ги ублажи ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓаат граѓаните на Македонија.

АКТУЕЛНО