Search
Search

Музика, спорт и едукација – прославен Денот на Европа во Гази Баба

Со разни активности за сите возрасти, во парк шумата Гази Баба вчера беше прославен Денот на Европа.

Паркот Гази Баба е весела локација за да се прослави Денот на Европа, да се прослави обединетоста и различноста, а исто така и овој одличен град и неговите прекрасни луѓе кои се дел од овој настан, порача евроамбасадорот Дејвид Гир во изјава за медиумите на прославата по повод Денот на Европа во организација на Јуроп хаус Скопје во парк шумата во скопската населба Гази Баба.

„Не знам дали некој од вас бил во паркот Гази Баба, но доколку не сте биле ова е една од големите тајни на Скопје. Тоа е магичен парк со прекрасен поглед на целиот град и многу зелен. Затоа денеска сме токму тука за уште еднаш да го прославиме Денот на Европа со многу активности за сите – за децата, за возрасните, тука има трки има природа, храна и прекрасна музика“, вели Дејвид Гир.

Ваљон Салиу од Јуроп хаус Скопје рече дека во нивна организација веќе имаше неколку настани за одбележување на Денот на Европа.

 

Во текот на денот имаше концерти на бендови од државава. Настанот има цел да собере луѓе од различни профили и да ги прикаже вредностите на европската идеја дека „иднината нè поврзува!“.

 

АКТУЕЛНО