Возило со косовски регистарски таблички паднало во реката Лепенец на патот Скопје – Приштина во близина на тунелот, екипа на Градска.мк е на терен.
Екипи се на терен каде трагаат по исчезнатите лица.
Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага.“, се наведува во соопштението на МВР.
Н.Ш