Search
Search

Што поседува Ковачи, новиот директор на „Улици и патишта“

Градоначалничката Данесла Арсовска вчера го назначи за нов директор на јавното претпријатие „Улици и Патишта“, поранешениот директор на Психијатрсика болница, Ќамил Ковачи. 

Како што објавија вчера од Град Скопје досегашниот директор Саит Саит е разрешен, од Директор на ЈП Улици и Патишта, а функцијата ја презема  Ковачи кој доаѓа од местото секретар на општина Сарај.

Ковачи всушност е дел од огнено крило на ДУИ од Општина Сарај, и тој до пред неколку месеци беше директор на Психијатриската болница во Бардовци, а беше разрешен од функцијата кога во Владата влезе партијата Алијанса за Албанците.

Еве каков имот пријавил Ковачи додека беше директор на Психијатриска болница. 

Стан од 85 квадрати и фоксваген поло. Но пријавил и имот на родители, кои имаат фоксваген голф, трактор и куќа од 180 квадрати. 

 

 

АКТУЕЛНО