Search
Search

Хидроцентралата „Матка“: Смел инженерски потфат и симбол на одржлива енергија

Во триесеттите години од минатиот век, на излезот на кањонот Матка е изградено вештачко езеро на реката Треска, со лачна бетонска брана за производство на електрична енергија. Д-р Миладин Пеќинар е идејниот автор на капиталниот проект, проектант и човекот кој истовремено вршел надзор на изградбата. Градежните работи на браната започнале во 1935 година, а хидроцентралата започнала со работа во 1938 година со инсталиран капацитет од 4,2 MW.

Изградбата претставувала своевремен смел и колективен потфат. Кога работите на браната биле завршени, Пеќинар се искачил на нејзиниот врв и извикал: „Ако отиде браната нека отиде со неа и тој што ја замислил“.

Фото: Изложбен центар Матка

Втората светска војна се сметала за голем предизвик за ХЕЦ „Матка“, бидејќи самата била еден од стратешките објекти околу која се воделе битки. Сепак, партизаните херојски се избориле за да ја заштитат од воената опасност.

Браната на хидроцентралата „Матка“ не само што преживеала војни инциденти, туку и во неколку наврати го спасила Скопје од поплави и тоа за време на големата полава во 1962 година и во 1979 кога браната задржала голерма количина на вода и придонела за спречување на поголеми катастрофи.

Фото: Изложбен центар Матка

Денес, хидроцентрала „Матка“ е една од водечките институции во производството на обновлива енергија во државата. Во 2008 година направена е реконструкција и изградена е целосно нова хидроцентрала. Со изградбата на нова машинска зграда, лоцирана во непосредна близина, старата машинска зграда престана со функција, по што во 2016 година е пренаменета во едукативно-изложбен центар.

Извор: Фронтлајн

АКТУЕЛНО