Search
Search

Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 10 до 14 јули (од понеделник до петок) во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе се реализира третата фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини, информираат од Град Скопје.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

АКТУЕЛНО