Search
Search

Градоначалниците од скопските општини ќе бараат да се укине Комунална и сами да го собираат сметот

Револт кај скопјани поради преполните контејнери и смреата која се шири на топлите температури. Бараат надлежните итно да го решат проблемот бидејќи стравуваат од појава на болести.

Хаосот на улиците ги мобилизираше градоначалниците од скопскиот плански регион. Утре е закажан вонреден состанок, а потоа со заедничка изјава ќе ги дадат своите барања. Според информации на Сител, градоначалниците најверојатно ќе бараат да се расформира Јавното претпријатие Комунална Хигиена, па ингеренциите да си ги преземат сите скопски општини.

-Ако не се способни Град Скопје да го сервисира она за што зема пари од граѓаните да ни ја предаде целата механизација, вклучувајќи ги и камионите за смет нам на општините. Во прво време самите со сопствени средства и со сопствените ресурси ќе се потрудиме ние да ги исчистиме и улиците и населбите и Градот секако да го исчистиме. А во второ време да ни ги предадат целосно надлежностите, но и финансиите кои граѓаните ги плаќаат таму. Во 21 век во еден од најтоплите месеци, ова што се случува е трагедија позади нас, вели градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Сега општините се принудени самите да бараат решение за се намали револтот кај скопјани. Но тие немаат механизација за да можат да го соберат целиот смет.

-Ние како општиме преземавме одредени активности. Во текот на утрешниот ден имаме организирано дел од нашите хигиеничари, поголем дел од нашите хигиеничари, кадешто со повеќе возила, односно камиони ќе го собираат сметот којшто е околу контејнерите поради тоа што немаме механизација за отстранување на сметот во самите контејнери, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Скопјани кои редовно си ги плаќаат сметките станаа жртви на несоодветно менаџирање. Хаосот во Комунална хигиена е последен во низата за градоначалничката Данела Арсовска која редовно бега од јавноста секогаш кога ќе се појави поголем проблем.

 

АКТУЕЛНО