Search
Search

Спасовски: Секој кој допринел за главниот град да се дави во смет ќе има кривични пријави

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес најави дека се чека прибирање на докази и секој кој допринел за да главниот град Скопје да се дави од смет и предизвикал еколошка катастрофа, ќе следат кривични пријави.

„Денеска треба да биде доставен записникот од Инспекторатот за заштита на животна средина , Комуналниот инспекторат и инспекторите од градот Скопје, да ги видиме нивните наоди во однос на целата ова состојба,  во постојана комуникација семе со обвинителот, секако ако се утврдат елементи на кривично дело за сите сторители кои што допринесоа главниот град да се дави во смет можно е да бидат поднесени кривични пријави согласно доказите кои ќе бидат прибирани„- рече министерот Оливер Спасовски.

Според него веќе е поднесена една кривична пријава за едно лице вработен во Комунална хигиена  кој насилно попречувал други вработени да ја извршуваат нивната задача.

„Во однос на настанот сакам да кажам, прво ниту Скопје ниту граѓаните на Скопје не го заслужија ова што се случи минатите денови, хуманитарна еколошка катастрофа која што го загрозува здравјето и животот на граѓаните, што и да е причината, катастрофа е за градот и за граѓаните. Поднесена е една кривична пријава за насилство заради што завчера од кога тргна со работа работниците на Комунална хигиена  беа нападнати од едно лице кој исто така било вработено Комунална хигиена, и истиот доби кривична пријава за насилство и веќе е процесирано во Јавното обвинителство„ -рече Спасовски.

Министерот Спасовски исто така информираше дека секој кој го злоупотребил буџетот на државата, земале плата а не ја извршувале работата ќе биде санкциониран и ќе одговара.

Н.Ш

АКТУЕЛНО