Фото/МВР

Санкционирани 173 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден при контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрече вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно прстројување, 10 мерки за користење на мобилен телефон при возење, информираат од МВР.

Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за, како што велат, поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

 

АКТУЕЛНО